3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на населението во Кина во „незапирлив“ пад

Бројот на населението во Кина во „незапирлив“ пад

Кина ќе се соочи со „незапирлив“ пад на бројот на населението во текот на следните децении како и со се помал број на работници кои би го поддржале општештвото што старее, се вели во извештајот на еден од водечките кинески институти.

Извештајот на Кинеската академија за општествени науки, кој доаѓа три години откако Кина ја укина својата долгогодишна политика на едно дете, предупредува дека „ерата на негативен раст на населението е речиси овде“ и предвидува дека бројот на населението ќе го достигне својот врв од 1,44 милијарди во 2029 година.

До 2065 година, оваа бројка се очекува да опадне до 1,172 милијарди. Според податоците на Светската банка, во 2017 година Кина броела популација од 1,386 милијарди жители.

Според извештајот, бројот на работоспособни жители стагнира, додека населението продолжува да старее.

„Во теорија, долгорочниот пад на населението, особено придружен со зголеменото стареење на населението, предизвикува многу негативни социјални и економски последици“, се вели во извештајот, иако не се наведува на какви последици се мисли.

Експертите предупредуваат и дека со стареењето на населението во Кина се намалува и домашната потрошувачка, што може да има несакани последици за глобалната економија.

Во извештајот се препорачува Кина да се подготви за ваквиот тренд и да почне да креира политики со кои ќе може да се соочи со ваквиот пад на населението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП