17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРизикот за франкот се уште постои

Ризикот за франкот се уште постои

frank1

Претседателот на швајцарската централна банка Томас Јордан изјави дека ризикот за економијата и вредноста на франкот и понатака е висок.

Тоа, вели тој, во голема мера се должи на ситуацијата во светската економија која е полоша отколку што претходно се очекуваше.

Јордан на коференцијата за новинари во Берн изјави дека тримесечната каматна стапка во опсег од нула до 0,25 проценти останува непроменета.

Тој изјави дека ризиците за швајцарската економија и понатака постојат, главно поради состојбата во светската економија, како и дека предвидува дека Швајцарија ќе забележи економски раст од еден до 1,5 проценти оваа година.

Швајцарската национална банка во септември 2011 година го фиксираше девизниот курс на 1,20 франци за евро.

Банката овие мерки ги превзема поради загриженоста дека франкот ќе постигне паритет со еврото, што би можело неповолно да влијае на економскиот раст на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП