28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА800 милијарди фунти ќе се преселат од Велика Британија во ЕУ поради...

800 милијарди фунти ќе се преселат од Велика Британија во ЕУ поради Brexit

Средства во вредност од 800 милијарди фунти ќе бидат префрлени од Обединетото Кралство кон новите финансиски центри во Европската унија (ЕУ) поради „Brexit“, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на информации на британската сметководствена компанија „Ernst & Young“ (EY).

Велика Британија, која треба да го напушти блокот во март, се уште не го одобрила договорот, до кој стигнаа премиерот на земјата, Тереза ​​Меј и законодавците на ЕУ во Брисел, бидејќи остануваат сомневања околу исходот од гласањето на овој договор од британскиот Парламент кое ќе се случи следната недела.

„Колку повеќе се приближуваме до 29-ти март без постигнат договор, толку повеќе средства ќе бидат префрлени кон ЕУ“, смета Омар Али, британски финансиски директор во „EY“.

Сметководствената компанија ги следи плановите за „Brexit“ на 222 финансиски компании од јуни 2016-та година, кога земјата гласаше за напуштање на блокот.

Во последното ажурирање во ноември 2018-та година, од „EY“ велат дека 80 компании размислуваат или веќе го потврдија преселувањето на средствата и персоналот во ЕУ.

Според последната оценка на сметководствената куќа околу 800 милијарди фунти во активи може да ја напуштат Велика Британија во насока кон ЕУ, што ќе влијае значително на банкарскиот сектор на Кралството кој располага со 8.000 милијарди фунти.

Сличен износ се очекува да биде префрлен од Велика Британија само во првиот квартал од оваа година, според германскиот финансиски центар во Франкфурт.

Околу 2.000 нови европски позиции се создадени од финансиските друштва во одговор на одлуката на Лондон да ја напушти ЕУ, а Даблин, Луксембург, Франкфурт и Париз се најпосакуваните дестинации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП