
Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на Божиќната богослужба во црквата на Преображението во Санкт Петербург.


Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на Божиќната богослужба во црквата на Преображението во Санкт Петербург.
Инаку, Путин е крстен во оваа црква. Рускиот Претседател присуствуваше на Литургијата околу половина час.

“Честит Божик. Овој прекрасен празник им дарува на луѓето радост и надеж, обединувајќи ги околу непробојни духовни, морални вредности и традиција на милост. Со тоа се поврзани народните и семејни обичаи кои се пренесуваат од колено на колено, искрена вера во добри промени и исполнување на најголемите желби” – вели Путин.
“Рускиот шеф на државата истакна дека “Руската православна црква и другите христијански храмови играат голема, позитивна улога во животот на државата, грижејки се за општествената хармонија, зајакнување на институцијата – семејството, воспитување на младите”. Тие работат многу во решавањето на најголемите социјални проблеми, хармонизирање на меѓуетничкиот и меѓурелигискиот дијалог”. Таква плодна и во повисок степен неопходна работа заслужува длабоко признавање и почитување”, изјави претседателот на Русија.

Традиционално, Путин за Божиќ не е во Москва, додека за Велигден секогаш оди на служба во московскиот храм Христос Спасител.