5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната значително забави од целта на ЕЦБ

Инфлацијата во еврозоната значително забави од целта на ЕЦБ

Пред сè, поради фактот што цените на енергијата не се зголемуваат толку екстремно, инфлацијата во еврозоната забавува многу под целта на Европската централна банка (ЕЦБ) пред крајот на годината.

Потрошувачките цени се зголемија само за 1,6 отсто на годишна основа во декември, објави статистичкиот завод „Еуростат“ во петокот, врз основа на неговата експресна проценка. Ова е исто така најмало зголемување на потрошувачките цени од април 2018-та година. Економистите очекуваа инфлација од 1,8 отсто.

Цените на енергијата се зголемија за само 5,5% во последниот календарски месец од годината. Во ноември растот се уште беше 9,1%. Дури и за преработената храна, вклучувајќи го и алкохолот и тутунот, потрошувачите не мораа да брцнат толку длабоко во нивните џебови: тие се зголемија за 1,7% во декември (ноември: 2,0%).

Инфлацијата е важен показател за монетарната политика на ЕЦБ. Во ноември, темпото на инфлација во валутната област беше само под целта поставена од ЕЦБ од 1,9%. За еврозоната, централната банка е насочена кон годишна инфлација од нешто помалку од 2,0% на среден рок, доволно далеку од нултата граница.

Во средината на декември, економистите на ЕЦБ ги зголемија своите прогнози за инфлацијата за следната година од 1,7 на 1,8 отсто. Од друга страна, во 2020-та година се очекува само 1,7% и 1,8% во 2021-ва година.

На нивниот состанок во средината на минатиот месец, европските централни банкари, исто така, одлучија да престанат да купуваат дополнителни обврзници. До крајот на 2018-та година, ЕЦБ би можела да инвестира милијарди евра во купување на државни и корпоративни обврзници.

Меѓутоа, не се очекува остар пресврт по години во антикризниот режим. ЕЦБ ја одржува основната стапка на еврозоната со рекордно ниско ниво од нула проценти, па комерцијалните банки ќе продолжат бесплатно да добиваат пари од централната банка. Транзицијата кон повисоки каматни стапки ќе се дискутира од страна на монетарните власти најрано во есента 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП