25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА30 секунди се доволни за мотивација

30 секунди се доволни за мотивација

Лесно е да се мотивирате кога му ги поставувате правите прашања на вашиот разум (и срце). Се што треба да направите е да ги “поврзете точките“ меѓу тоа “зошто преземате акција“ и “која наредна акција ќе ја преземете“.

Вашиот успех на работа е тесно поврзан со мотивацијата. А што правиме доколку ја немате? За се што правите во животот сетете се на најмилите и најдете причина поради која сакате да успеете. За да го направите ова, треба да одговорите на 9 едноставни прашања.

Не формулирајте комплицирани одговори. Вашиот разум и срце веќе знаат што сакаат…

За кого највеќе се грижам?

Како можам да им помогнам да бидат посреќни?

Кои се моите најмоќни цели?

Како се чувствувам кога ќе постигнам нешто што јас го сакам?

Што ме прави благодарен?

Како можам повеќе да ги ценам работите?

Што е одличното во мојата сегашност?

Како можам да ја подобрам работата?

Кој е нареден чекор за да бидам поуспешен?

Со одговарање на овие прашања вие ќе бидете помотивирани, најверојатно и пред да стигнете до последното 9-то прашање. Клучот е да ја почувствувате емоцијата. Кога ова ќе ви премине во навика, ќе можете да го комплетирате и за помалку од 30 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП