7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft сака да ја купи Nokia

Microsoft сака да ја купи Nokia

nokiamicro

Корпорацијата „Microsoft“ неодамна разговарала со претставниците на „Nokiа“ за купување на нејзиниот бизнис со мобилни телефони.

Според информациите компаниите постигнале значаен напредок во преговорите, но сепак тие во моментов се во мирување заради тоа што не е постигнат договор за конечната цена поради пазарната положба на „Nokiа“ која заостанува зад конкурентите „Apple“ и „Samsung“.

Не е познато колку „Nokia“ барала за својот бизнис. Минатата година уделот на производството на мобилни телефони чинеше повеќе од половината од приходите на компанијата кои достигнаа 30.2 милијарди евра.

Вредноста на „Nokiа“ на американскиот пазар надминува 14 милијарди долари.

„Microsoft“ и „Nokia“ се партнери повеќе од две години, откако финската компанија прифати во своите паметни телефони да го вградува оперативниот систем на „Microsoft“ – „Windows Phone“. Притоа американската компанија вложи милијарди долари за помош на „Nokiа“ во маркетингот и развојот.

Тоа партнерство сепак не доведе до подобрување на положбата на „Microsoft“ во бизнисот со мобилни телефони, иако „Windows Phone“ го претекна „Black Berry“ и го зазеде третото место на светскиот пазар на паметни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП