29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 271.000 работни места во САД

Нови 271.000 работни места во САД

Американските компании во декември отвориле 271.000 работни места.

Податоците на приватната агенција за вработување „АДП“, покажуваат дека овие бројки се далеку поголеми од очекуваните.

Најновите податоци се зголемени во однос на ноември кога беа отворени 157.000 работни места и во однос на проекциите на економистите кои предвидуваа дека во декември ќе бидат отворени 178.0000 работни места.

Во градежниот сектор отворени се 37.000 работни места, а голем скок е забележан во угостителството, каде се бараат 39.000 лица за работа. Во корпоративниот сектор отворени се 66.000 работни места, а во образованието и здравството 61.000 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП