6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните на Луксембург најбогати, Бугарите најсиромашни

Граѓаните на Луксембург најбогати, Бугарите најсиромашни

luksemburg1

Граѓаните на Луксембург во просек се најбогатите граѓани во Европската унија, а Бугарите се најсиромашни.

Според податоците на Еуростат, Луксембург во 2012 година имал два пати поголем бруто домашен производ (БДП) по глава на жител во споредба со просекот на куповната моќ во ЕУ.

Зад Луксембург следат Австрија, Ирска, Холандија и Шведска, кои, според БДП по глава на жител, мерен според куповната моќ, имаат околу 30 проценти над просекот на ЕУ.

Граѓаните на Бугарија и Романија сеуште се најсиромашните меѓу населението на Унијата.

Во 2012 година овие земји имале БДП по глава на жител, мерен според куповната моќ, околу 50 проценти под просекот на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП