22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот Polestar 2 го „напаѓа“ Teslа Model 3

Електричниот Polestar 2 го „напаѓа“ Teslа Model 3

Компанијата „Polestar“, која претходно беше тјунинг-работилница на фабричките модели на „Volvo“, но стана самостоен производител, објави фотографија од својот втор модел. Ова е „Polestar 2“ – електричен автомобил кој ќе мора да се натпреварува со „Tesla Model 3“.

Судејќи според фотографијата, возилото ќе претставува фастбек со 4 врати и тесни задни светла. Од „Polestar“ откриваат дека кај овој модел ќе дебитира системот „Google Android HMI“ со „паметниот“ асистент „Google Assistant“, кој според карактеристиките се доближува до „Alexa“ на „Amazon“.

Моделот ќе се напојува со електрична енергија од батерија со 249 kW, што е еквивалентно на 400 КС. Батеријата ќе овозможи километража од 400 километри. Цената на „Polestar 2“ ќе е блиску до онаа на „Tesla Model 3“ по која се продава во САД – 44.000 долари.

Првиот модел на „Polestar“ беше хибридното купе „1“, кое дебитираше во 2017-та година. Возилото со каросерија од карбон користи хибриден агрегат со 2,0-литарски бензински турбомотор и 2 електрични мотори. Вкупната моќност е 600 КС и 1000 Nm, а само на електрична енергија автомобилот минува само 150 км.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП