10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПротестите на „жолтите елеци“ се одразија на европската економија

Протестите на „жолтите елеци“ се одразија на европската економија

Протестите на движењето „жолти елеци“ во Париз и ширум Франција влијаеле на економската активност во еврозоната, која во декември забележала најмал раст во повеќе од четири години, покажа истражувањето на компанијата за финансиски информации, „IHS markit“.

Оваа компанија објави дека нејзиниот индекс за набавките во економијата, кој ја мери економската активност во производствениот и услужниот сектор, во декември паднал на 51,1 поен од 52,7 колку што изнесувал претходниот месец.

Со сличен пад и во јануари годинава, еврозоната би влегла во рецесија, бидејќи сè под 50 поени укажува на намалување на економијата, велат од таму.

Во истражувањето на „IHS markit“ било утврдено дека побавниот раст, меѓудругото, се должи и на пониската активност во Франција, каде што протестите на „жолтите елеци“ довеле до првиот економски пад во последните две и пол години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП