28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕфективност или ефикасност? Што да избереме?

Ефективност или ефикасност? Што да избереме?

Кратко и едноставно: Ефективност и ефикасност претставуваат основа за реализацијата на целите на секој бизнис.

Ефективност подразбира барање да се изврши избор на вистинските цели, а потоа со користење на постоечките ресурси, да се реализираат избраните цели.

Ефикасност претставува барање да се реализираат избраните цели, со минимално користење на постоечките ресурси, поточно со нивното рационално користење.

Од ова можеме да видиме дека ефективноста е свртена кон избор на потребите на некој бизнис, што ќе се реализира, додека ефикасноста ја претставува производната способност на некој бизнис – рационалната  употреба на постоечките ресурси. Или посликовито да објасниме. Ефективноста ни вели да ги работиме вистинските цели, додека ефикасноста ни вели да ги работиме работите на вистинскиот начин.

Сега се прашувате па како да ги избереме вистинските цели што треба што поефикасно да ги реализираме? Постои голем број на фактори што ја одредуваат ефективноста и ефикасност.

Менаџментот…на прво место е способноста на менаџментот.

Мерливоста на целите, е исто така важен фактор. Доколку одредиме немерливи цели тогаш и ефективноста и ефикасноста ќе бидат помали и обратно.

Средината – доколку работиме во средина која е богата со ресурси, тогаш опаѓа значајот на ефикасност а се зголемува значајот на критериумите како што се остварениот обем на производството, растот и развојот на бизнисот, флексибилност …итн.

Дали бизнисот може да биди ефективен но не и ефикасен и обратно? Да секако дека може. Ние можеме да ги одредиме целите кои се неопходни да се реализираат, но неефикасно да ги реализираме. Или да одредиме цели што апсолутно не се потребни за развојот на нашиот бизнис, а од друга страна ефикасно да ги реализираме.

Што е подобро: да се жртвува ефикасноста или ефективноста? Според Исак Адижес, за претпријатието е подобро да се жртвува ефективноста за разлика од ефикасноста. Зошто?

За Вашиот бизнис да биде ефективен, тој мора да се реорганизира. Ако го реорганизирате тоа значи дека ќе морате и да отпуштите некој вработен. Но никој несака да биде предмет на омраза па ни моќните сопственици. Од таа причина, според Адижес полесно и подобро е да се жртвуваат потребите на клиентите отколку да се менуваат човечките односи во рамките на претпријатието. Со ова ќе го зачувате мирот во внатрешноста на претпријатието, а кога ќе се подобрат и економските услови ќе се обидете да ги задоволите и клиентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП