5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini најавува нов Huracan за 2019-та

Lamborghini најавува нов Huracan за 2019-та

Италијанскиот производител оваа година ќе претстави редизајнирана верзија на својот моментално најпродаван модел.

„Lamborghini“ во 2018-та во својата понуда вклучи и трет модел, „SUV“ возилото „Urus“, a во подготовка е наследникот на „Aventador“ кој ќе дебитира во 2020-та.

Во меѓувреме, во текот на 2019-та во продажните салони ќе пристигне редизајнираниот „Huracan“, a како најава на овој модел италијанскиот производител објави две фотогрфии на кои се прикажани детали од надворешноста на овој автомобил.

Стилските промени на екстериерот на возилото ќе придонесе „Huracan“ да има поагресивен изглед, а со редизајнот ќе бидат опфатени верзиите со заден и погонот на сите 4 тркала.

Се очекува и 5.2-литарскиот атмосферски мотор да добие дополнителна моќност. Па така „Huracan LP610-4“, како и „LP580-2“ би требало да имаа по 10 ks повеќе, па ќе добијат и нови ознаки: „LP620-4“ и „LP590-2“.

Повеќе информации за моделот „Lamborghini Huracan“ зa 2019-та ќе бидат познати со следните недели, а првата можност за премиерата на овој автомобил ќе биде саемот за автомобили во Женева, кој ќе се оддржи на почетокот на март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП