Лувр во Париз – најпосетениот музеј во светот, бил посетен од рекордни 10,2 милиони туристи во 2018-та година. Бројот на посети биле поддржан од видео клип снимен од поп ѕвездата Бијонсе во позадината на сликите и скулптурите во музејот, коментира „Bloomberg“.
Од Лувр споменуваат уште во соопштението дека успехот во водечката посетеност е посветена на францускиот уметник Делакроа, што исто така, било причина за рекордот.
Видеото на Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи, вклучувајќи ја веројатно најпознатата слика во музејот „Мона Лиза“ и други популарни дела во целиот свет, било гледано 147 милиони пати на „YouTube“.
Музејот забележува значителен пораст на бројот на странските посетители – речиси три четвртини од вкупниот број кои го посетиле Лувр. Тие беа главно од САД, Кина, други европски земји и Бразил.
Туризмот во француската престолнина се опоравува од 2017-та година после акутниот пад како резултат на терористичките напади во 2015-та година.