18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДемократите го презедоа Претставничкиoт дом, изгласаа две мерки за излез од блокадата

Демократите го презедоа Претставничкиoт дом, изгласаа две мерки за излез од блокадата

Американскиот Претставнички дом изгласа две мерки потребни за да се излезе од буџетскиот застој, кој делумно ја блокира работата на американската администрација, но без поддршка на американскиот претседател, кој бара ѕид на границата со Мексико.

Изгласаните мерки би можеле да останат само на хартија, откако шефот на републиканците во тој дем рекол дека нема да ги стави на дневен ред, ако не добие зелено светло од Доналд Трамп, кој мора и да ги потпише законите.
Белата куќа однапред ги отфрли предлозите на законите, бидејќи тие не ги вклучуваат 5 милијарди долари за финансирање на ѕидот со Мексико.

Демократите тврдат дека се залагаат за безбедност на границите, но се против ѕид, сметајќи го за неефикасен.

Демократите синоќа ја презедоа контролата во Претставничкиот дом одбележувајќи го почетокот на нова ера против републиканскииот претседател Доналд Трамп, додека Сенатот останува под контрола на републиканците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП