24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните кои не го испочитувале рокот сè уште може да се пријавуваат...

Граѓаните кои не го испочитувале рокот сè уште може да се пријавуваат во УЈП

Досега во системот е-персонален данок се регистрирани 656 000 граѓани, што претставува речиси 100% успешност на процесот на регистрација на електронскиот систем Е-ПДД, со оглед дека од оваа обврска во наредните седум години сe ослободени граѓаните кои примаат пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, соопшти УЈП.

Од таму информираат дека даночните канцеларии, како и електронскиот систем остануваат во функција за граѓаните кои од одредени причини досега не се регистрирале на системот Е-ПДД и истовремено ги повикува истото да го сторат во најкраток можен рок или да се јават на контакт-телефоните 0800 33 00 и 02/3253 200 доколку имаат потреба од помош.

Крајниот рок за пријавување беше 31 декември 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП