8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмбасада на Германија: Не е точно дека се укинуваат работните визи

Амбасада на Германија: Не е точно дека се укинуваат работните визи

Поради низа известувања што во последно време се објавуваат во медиумите во врска со постапката за виза за Германија, германската Амбасада во Скопје соопштува дека не е точно дека се укинуваат работните визи.

„Информациите за нов закон, кој треба да стапи во сила од 01.01.2019 година и кој на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи престој до 6 месеци без работен договор и без работна дозвола во Германија, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб-страницата на германската амбасада за предусловите и времето на чекање за доделување на работни визи“, се вели во пишува во соопштението на амбасадата.

Ваквиот демант следи откако во јавноста се појавија информации дека од годинава „странските квалификувани работници полесно ќе се вработуваат во Германија и дека еден македонски работник ќе може да добие право на шест месечен престој и дека за тоа време ќе може да бара работа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП