28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДоколку ја сакате работата избегнете ги овие 10 теми на првиот состанок

Доколку ја сакате работата избегнете ги овие 10 теми на првиот состанок

Имате само една прилика за да оставите добар прв впечаток, затоа немојте да ја расипете со започнувањето на разговор на една од непримерните теми. Дознајте кои се тие…

Знаете колку првиот впечаток е важен, затоа е важно да ги избирате зборовите кои ќе ги кажете прв пат кога службено ќе разговарате со некој, без оглед дали е тоа вашиот потенцијален шеф, колегата од конкуренцијата, угледен соговорник на конференцијата или иден клиент. Иако можеби сте нервозни, контролирајте се да не зборувате за се, бидејќи веќе кажаното не можете да го повлечете.

Било што негативно

Не сакате првиот впечаток за вас да биде негативен, зарем не? Затоа не се жалете како сте незадовони со работата, како вашиот шеф е нефер и не се жалете за ништо. Дури и ако сето тоа е вистина, не е ниту време ниту место за тоа.

Било што за пари

Не ги прашувајте луѓето веднаш колкава им е платата, тоа е непристојно. Ако сте љубопитни, оставете го тоа прашање за понатака кога многу добро ќе ги запознаете.

Политички ставови

Не ги изразувајте вашите политички ставови веднаш, особено не ако имате намера да започнете со епитети кон некој политичар. Овој разговор може да го направите кога лицата добро ќе ги запознаете.

Вера

И тоа е една тема за која не се зборува, освен со лицата кои добро ги познаваме, а особено не во деловното опкружување.

Полова ориентација или брачен статус

Едноставно, туѓиот брачен статус или половата ориентација не треба да ви се важни.

Бременост

Дури и ако вашата соговорнична е видливо бремена, не се распрашувајте за терминот, полот, а уште помалку за таткото на детето. Ако таа сака да ви каже, ќе ви каже, а ако не, тогаш не споменувајте ни вие.

Физички изглед

Иако можеби сакате да го скршите мразот со некој комплимент, подобро е да се воздржите од описот на нечија фризура, фустан кој добро стои или загубата на килограмите. Не, не смеете на никого да му кажете дека изгледа подобро од сликата на LinkedIn профилот.

Жалење

Не се жалете за здравствените или приватните проблеми. Клиентите не се заинтересирани дали ви се разведувате, туку ги интересира што нудите на деловен план.

Очекувања

Слично како и со комплиментите и физичкиот изглед, иако сакате д кажете нешто позитивно, доколку кажете „изгледате многу подобро отколку што очекував“ нема да звучите добро. Најдобро е да не споменувате какви очекувања сте имале.

Јас, јас, јас

Замолчете ако се фатите самите себеси дека секоја реченица ја започнувате со ЈАС, самодовербата е добра особина, но не треба да е прекумерна. Наместо тоа, поставете прашања, што и не е така тешко кога некого прв пат го запознавате и за него не знаете многу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП