27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако се прави Audi E-Tron (видео)

Како се прави Audi E-Tron (видео)

Големата експанзија на електричните автомобили ги принуди некои од производителите нагло да го променат својот повеќегодишен курс што значеше голем притисок за нив при креирањето на квалитетно возило.

Еден од тие производители е и германски „Audi“ кој оваа година во продажба ќе го пушти својот прв целосно електричен „SUV“ – моделот „E-Tron“.

„E-Tron“ пристигнува во идеален момент затоа што пазарот во овој сегмен се уште не е презаситен, бидејќи моментално ги има само „Tesla Model X“ и „Jaguar I-Pace“.

„SUV“ моделот на „Audi“ ќе пристигне со почетна цена од околу 70.000 eвра и е во класата помеѓу „Q5“ и „Q7“ со два електромотори кои заедно развиваат 405 KS и 665 Nm вртежен момент.

Во текот на петгодишниот развоен процес, „Audi“ го забележа секој чекор, а сето тоа го состави во видео во кое се прикажува како се прави „E-Tron“, кој ќе се произведува во погоните во Германија, Унгарија и Белгија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП