3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските олигарси лани загубија 6 милијарди долари

Руските олигарси лани загубија 6 милијарди долари

Руските милијардери загубиле речиси шест милијарди долари во 2018-та година. Пресметките ги направи „РИА Новости“ врз основа на рејтинг податоците на „Bloomberg Billionaires Index“ (BBI).

Листата на 500 најбогати луѓе во светот вклучува 25 Руси. Девет од нив успеаја да ги зголемат своите богатства.

На прво место меѓу Русите е еден од сопствениците на „Норникел“ (најголемиот производител во светот на паладиум, еден од најголемите производители на никел, платина и бакар), Владимир Потанин, кој поседува 19,6 милијарди долари, а неговото богатство во 2018-та година се зголеми за 687 милиони долари.

По него е рангиран косопственикот на руската гасна компанија „Новатек“, Леонид Мајкелсон, кој во 2018-та година стана побогат со 2,77 милијарди долари или вкупно 19,4 милијарди долари.

Главниот носител на групата „НЛМК“ (водечкиот меѓународен производител на висококвалитетни челични производи), Владимир Лисин има 17,9 милијарди долари од личното богатство, но минатата година излезе со минус од 146 милиони долари.

Следниот на листата е сопственикот на рударско-челичната компанија „Северстал“, Алексеј Мордашов, кој има лично богатство од 17,4 милијарди долари, но минатата година загуби 2,33 милијарди долари. По него се рангираше косопственикот на „Лукоил“, Вагит Алекперов, кој поседува 16 милијарди долари, но во 2018-та година забележа загуба од 3,45 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП