3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПред Brexit: Рекорден број Британци аплицираа за ирски пасоши

Пред Brexit: Рекорден број Британци аплицираа за ирски пасоши

Рекорден број британски граѓани аплицирале за ирски пасош во 2018-та година, додека Велика Британија се подготвува за напуштање на Европската унија на 29-ти март оваа година и имаат загриженост дека тоа излегување од Европската унија може да биде хаотично и без договор, соопшти агенцијата „Market Watch“.

Според Министерството за надворешни работи на Ирска, која е дел од ЕУ, лани имало вкупно 98.544 апликации од Велика Британија за ирски пасоши, што е за 22% повеќе од 2017-та година и уште 84.855 апликации од Северна Ирска, што е со 2% повеќе од една година порано.

Северна Ирска, која е најмалата од четирите земји кои ја сочинуваат Велика Британија која остана дел од Велика Британија, додека Република Ирска стекна независност во 1922-ра година.

Ова зголемување е факт, откако кандидатите од Велика Британија и Северна Ирска за ирски пасоши се зголемија за 20% во 2017-та, првата година по референдумот во поддршката за „Brexit“, одржан во јуни 2016-та година.

Британците со двојно ирско-британско државјанство ќе продолжат да уживаат во придобивките од членството во ЕУ, вклучувајќи го и правото да живеат и работат во сите 28 земји-членки без потребата од виза. Тоа е се повеќе атрактивна опција за голем број Британци, мислејќи на несигурноста за условите под кои ќе се одржи „Brexit“.

Премиерот на Велика Британија, Тереза ​​Меј го одложи во последната минута клучното парламентарено гласање за договорот, спроведен од нејзината влада со ЕУ во декември, што беше забележано како јасен знак дека ќе го изгубат тоа гласање. Таа изјави дека парламентарното гласање по условите за „Brexit“ ќе се одржи во средината на јануари, а се очекува самите дебати да се продолжат на 7-ми јануари.

Во минатата година ирската влада издаде повеќе од 822.000 пасоши. Секој граѓанин роден во Ирска има право на ирски пасош, додека оние кои имаат барем еден дедо или баба, родени во Ирска, исто така, можат да аплицираат. Британците кои живеат во Ирска и немаат ирски баба или дедо пак можат да добијат пасош според правилата за престој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП