11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија од Нова година затвори околу 4.300 обложувалници

Албанија од Нова година затвори околу 4.300 обложувалници

Од први јануари годинава во Албанија стапи на сила закон кој не наиде на одобрување кај повеќето граѓани во државата. Во Република Албанија од Нова година повеќе нема да има обложувалници и казина бидејќи нивното работење ќе биде забрането со закон.

Согласно со законот ќе бидат затворени околу 4 300 обложувалници. Министерката за внатрешни работи изјави дека секое казино или обложувалници кои ќе работат илегално, ќе бидат третирани како парцела со канабис.

Другата одлука која од Нова година важи во Албанија е што претпријатијата со годишен промет од 8 до 14 милиони евра ќе плаќаат трипати поголем данок од сега. Одлука што наиде на одобрување е тоа што школарините ќе се преполоват. Владата исто така од денеска ќе плаќа 400 илјади лека за прво дете, 800 за второ и милион и 200 илјади лека за трето дете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП