28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајдобрите места за пензионирање во 2019-та година - Панама и Костарика

Најдобрите места за пензионирање во 2019-та година – Панама и Костарика

Панама и Костарика се најдобрите места за пензионирање во 2019-та година според „Global Retirement Index“, пишува „International Living“.

Во минатата година Костарика го презеде лидерското место, но овој пат падна за една позиција во пласманот.

Земјите кои се рангирани како се разгледани според голем број фактори, поделени во неколку категории – општи, финансии, здравје, начин на живот и управување. Меѓу факторите исто така се и визниот режим, климата, здравствениот систем, трошоците за живот и друго.

„Модерни и блиски до САД – да не зборуваме за сончевото, топлото време и добредојде. Не е изненадувачки, дека Панама е лидер на годишниот „Global Retirement Index“ во оваа година“, пишува веб-сајтот.

„Панама е топла и тропска, но сосема е надвор од регионот урагани. Валутата е американски долар. Даноците се релативно ниски. И голем дел од населението зборува англиски јазик. Панама е истакната и како дестинација која ги возбудува луѓето со добрата кујна, пивото, џезот, филмовите, голфот, тенисот и голем број на други фактори. Последно, но не и најмалку важно, цените се достапни“, вели „International Living“.

Од своја страна, Костарика привлекува посетителите со тропската клима, евтиниот живот, достапната медицинска грижа, можноста за инвестиции во недвижности и природната убавина.

Меѓу првите три исто така е Мексико, каде што клучен фактор е достапниот трошок за живеење таму.

Четвртата позиција е за Еквадор, а зад неа се Малезија и Колумбија.

Од европските дестинации во листата на најдобрите места за пензионирање се наоѓа Португалија, која е на седмото место, како и Шпанија на десеттото место.

Перу, која минатата година беше десетта, сега се искачува до осмата позиција благодарение на одличните плажи, вкусната храна и едни од најниските цени, кога станува збор за уживање во подобариот квалитет на живот. Дури во поскапите квартови на Лима не е толку скапо, а една двојка може да живее нормално со буџет од под 2.000 долари месечно во повеќето региони на земјата.

Деветтата позиција останува една од најпопуларните туристички дестинации во последниве години – Тајланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП