Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,333.36 -0.2%    GRNT 829.00 0%    KMB 5,700.00 -0.01%    MERM 2,100.00 2.04%    MPT 52,028.57 -0.18%    MTUR 5,100.00 0.02%    REPL 76,000.00 0.66%    STB 1,199.00 -0.08%    TKVS 5,384.38 0.64%    

Вашата кариера може да ја уништите со прекумерната работа

Време: 13:20

Датум: јануари 2, 2019

Категорија: КАРИЕРА

Дали знаете дека унапредувањето на работното место е начин на кој фирмата сака да ви каже: „Веруваме во вашиот потенцијал и вредноста како работник и се надеваме дека ќе го остварите својот полн потенцијал и ќе допринесете за подобрување на компанијата“.

Но, пред да го добиете унапредувањето и повисоката плата, потребно е да се случат неколку работи:

1. Мора да ја знаете својата вредност и како можете да допринесете во фирмата.

2. Мора да бидете самоуверени и да ги знаете своите можности и како ќе успеете да го завршите својот дел од работата.

3. Мора да изградите свој круг на пријатели и соработници, како и луѓе кои позитивно влијаат на вас.

4. Додека ги правите претходните три работи, мора да им испратите на шефовите суптилна порака дека нема веќе да бидете тука ,ако не ви надоместат на соодветен начин за целиот труд и работа.

Но, мора да обрнете внимание да не работите премногу и да живеете само за работата. Тоа е дефинитивно најлошиот совет кој некој може да ви го даде за напредување на работното место.

Премногу работа може да има контра ефект

Прекумерната работа нема никаков ефект во унапредувањето, дури може и да ви ги намали шансите да дојдете до тоа. Ако немате доволно самодоверба и не знаете што заслужувате, може и цел ден да останете на работа и никој тоа нема да го забележи.

Оние кои напредуваат во кариерата и добиваат бонуси не работат и дење и ноќе. Наместо тоа, тие имаат свој разработен систем. Тие учат како функционира компанијата и го шират кругот на познанства. Создаваат слика за тоа дека тие и се потребни на компанијата.

Покажете дека сте вредни, но не „горете“ за работата

Ако сте вреден и лојален работник, а сепак се чувствувате заробено и под притисок на работното место, вашиот менаџмент нема да биде импресиониран што се преморувате од работа. Тие дури и ќе се загрижат.

Вие во нивните очи станувате повеќе обврска отколку предност, бидејќи со тоа покажувате дека не можете да го постигнете своето темпо на работа и не давате пример на личност на која може да и се доверат дополнителни нови и понапредни одговорности. Ако премногу работите испраќате погрешна порака и го саботирате вашиот труд.

Престанете да мислите дека е потребно да се чувствувате преморено за да бидете унапредени, бидејќи луѓето кои добиваат унапредување не чувствуваат притисок, бидејки така никогаш нема да го уверат менаџментот да им ја подари довербата за новата задача.

Добро проценете што вреди за вашиот труд

Кога ќе добиете порив да работите многу и тоа по цели ноќи, застанете и размислете за својата работа и за тоа колку тој труд ќе има ефект врз менаџментот. Запрашајте се што тој труд може да ви донесе, а што ќе се случи ако не се потрудите толку. Бидете паметни и одбирајте ги приоритетите, бидејќи само така во фирмата ќе забележат дека се трудите за важните работи. Нормално, понекогаш мора да се потрудите за да постигнете се, да останете подоцна, да одговарате на меилови и да немате слободен викенд. Но, внимателно одбирајте кога и за што ќе го правите тоа.

Не заборавајте, ќе се примети како посветувате внимание на она што е важно за фирмата, затоа потрудете се добро да процените кога е потребно да се преморите од работа, а кога не. Пробајте да го примените ова во својата кариера и сигурно многу нешта ќе постигнете.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Како да учите за современите деловни предизвици?

    Како да учите за современите деловни предизвици?

    Кога ќе се спомене учењето, дали и за Вас е прва асоцијација училишната клупа или непроспиените ноќи во текот на периодот на испити, во суштина…

  • Goldman Sachs воведе “релаксирачки” код на облекување за помладите вработени

    Goldman Sachs воведе “релаксирачки” код на облекување за помладите вработени

    Goldman Sachs им воведе на вработените благ кодекс на облекување, како дел од напорите на тој гигант на инвестициско банкарство на Вол Стрит во САД,…

  • Како да препознаете лош кандидат на интервјуто за работа?

    Како да препознаете лош кандидат на интервјуто за работа?

    Некои нови вработени уште првиот ден на работа го покажуваат своето вистинско (негативно) лице, и тогаш е веќе доцна за прашањето – Како можев толку…

  • Иритирачки колеги: Како со нив?

    Иритирачки колеги: Како со нив?

    На кој вид му припаѓаат досадните луѓе од вашето работно опкружување? Ова се најчестите четири видови на луѓе кои се многу досадни, а ги има…

  • Што ве советува Алберт Ајнштајн за успех во животот

    Што ве советува Алберт Ајнштајн за успех во животот

    За добро расположение и мотивација слушајте музика која го зголемува адреналинот. Читајте книги. Секој пат кога ќе се „блокирате“, прочитајте еден од мотивационите цитати кои…

  • Овие особини ги има една успешна лидерка

    Овие особини ги има една успешна лидерка

    Сигурно сите сте сретнале самоуверени жени низ животот. Овие жени “управуваат со просторот” и кога ќе излезат од просторијата, секој сака да знае нешто повеќе…

  • Пет рутини за продуктивност и среќа

    Пет рутини за продуктивност и среќа

    Дали се осеќате како дневната рутина да ве “меле”? Доколку е така, можеби е време да направите “чекор наназад” и да ги согледате работите од…

  • Ова се најчестите грешки при барањето на работа

    Ова се најчестите грешки при барањето на работа

    При барањето на работа неколку работи се многу важни: Лошо напишанo CV Компаниите дневно добиваат стотина биографии. За вашата да дојде до израз, мора да…

  • Подобрете ја ефикасноста на состаноците

    Подобрете ја ефикасноста на состаноците

    Многу деловни состаноци траат „вечно“ и не водат никаде поради неколку лица кои доминираат на нив. Според Лејла Томсон, професорка по менаџмент и автор на…

  • Сите треба да ги знаат овие 13 психолошки трикови

    Сите треба да ги знаат овие 13 психолошки трикови

    Интернетот е преплавен сo аматерски совети од психологијата за зајакнување на самодовербата и „самопомош“, до совети за љубовни состаноци, како да постапите во одредени ситуации…