18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора започна да продава државјанства

Црна Гора започна да продава државјанства

Во Црна Гора стапи на сила одлуката на владата за економско државјанство, што им овозможува на заинтересираните странски инвеститори да можат да добијат црногорски пасош со инвестирање во развојни проекти.

Економското државјанство ќе биде достапно за најмногу 2.000 инвеститори, а програмата преку која може да се постигне економско државјанство ќе трае три години, пренесува агенција Анадолија.

Еден од условите е тоа што за црногорско државјанство може да аплицира странец кој во Црна Гора или друга држава не е осудуван и за кој агентот за проценка на меѓународната подобност даде позитивно мислење, вклучувајќи и доказ за потеклото на парите наменети за плаќање и инвестирање во согласност со оваа одлука.

Инвеститорот може да добие црногорско државјанство на неколку начини – прием по основ на посебна програма и ако на сметка уплати 100.000 евра за развој на помалку развиените единиците на локалната самоуправа.

Исто така, државјанство може да се стекне ако на сметка уплати најмалку 450.000 евра за инвестиции во еден од проектите за развој во Подгорица, крајбрежниот регион или износ од 250.000 евра за инвестиции во еден од проектите за развој во северниот и централниот регион на Црна Гора.

Парите ќе бидат платени во посебен фонд од кој ќе се финансира изградбата на инфраструктурата во помалку развиените општини, првенствено во северниот дел на земјата.

Одлуката утврди дека контролата на плаќањето ќе биде следена од независен ревизор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП