29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржави со најмногу дијаманти во светот

Држави со најмногу дијаманти во светот

diamonds

Филмот „Blood Diamond“ со Леонардо ди Каприо ја опишува суровоста на индустријата за екстракција на вредните камења. Поради дијамантите се водат граѓански војни, а работниците кои работат во рудниците, едвај преживуваат. Покрај тажната слава на индустријата, засега побарувачката на дијаманти во светот нема да се намали. Видете кои се 10-те земји кои можат да се пофалат со најголеми наоѓалишта на дијаманти:

10. Бразил

Оваа јужноамериканска земја е позната по плажите, фестивалите и кафето. Во државата сепак се вадат и доста дијаманти или 0,5 процент од ископувањата во светот.

9. Гана

Гана е еден од најголемите извозници на какао во светот. Економијата се крепи уште со екстракција на минерали, нафта и природен гас, но и дијаманти.

8. Намибија

Најразвиените сектори во земјата се рударската, земјоделството, производството и туризам. Економијата на земјата зависи исклучително многу од екстракција на минералите и дијамантите. Тука се добиваат 1,3 проценти од дијамантите во светот во вредност од 0.41 милијарда долари.

7. Ангола

Во 2002-ра година во оваа земја почна граѓанска војна, од која земјата се уште не се обнови. 60 проценти од приходите на државата доаѓаат од екстракција на дијаманти и нафта.

6. Канада

Можеби за многумина е изненадување, но Канада влегува токму на средината меѓу африканските држави во рангирањето. Тука се ископуваат дијаманти во вредност од 1.47 милијарди долари.

5. Јужна Африка

Во оваа држава е пронајден најголемиот дијамант во светот. Бизнисот со дијаманти е силен поттик за економијата на земјата.

4. Австралија

Земјата е богата со природни ресурси, тука се вадат железна руда, јаглен, злато и се разбира дијаманти. На земјата паѓа 13 проценти од дијамантскиот пазар во светот.

3. Демократска Република Конго

Државата можеби е мала, но е богата со дијаманти. Таа придонесува за 19 проценти од дијамантите во светот. Рударската индустрија е многу развиена.

2. Боцвана

Најголемиот рудник во земјата со 50 проценти го контролира владата. Производството на дијаманти обезбедува 40 проценти од приходите на земјата. Тука се добиваат 20 проценти од дијамантите во светот.

1. Русија

Иако африканските земји доминираат во рангирањето, на прво место е Русија. Освен што оваа земја е богата со нафта и гас на земјата припаѓаат 22 процент од дијамантите во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП