25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемиот светски хазарден центар оствари успешна година

Најголемиот светски хазарден центар оствари успешна година

Најголемиот хазарден центар во светот – Макао, ја заврши минатата година со пораст, во позадина на забавувањето на кинеска економија, испровоцирана од т.н. трговска војна меѓу Вашингтон и Пекинг.

Приходите од коцкање во декември забележаа двоцифрен раст – највисоко зголемување во последните 4 месеци, како резултат на напорите на поранешната португалска колонија и актуелен град со посебен статус во рамките на Кинеската народна република да привлече повеќе обични корисници, за да ја намали зависноста од луксузни ВИП клиенти, пренесува „CNBC“.

Макао има население од 650.000, а во однос на БДП по глава на жител, тоа е едно од најбогатите места во светот.

И покрај добрите резултати на центарот за игри на среќа, кинеската влада се стреми да реализира диверзификација на економијата, па коцкањето да нема толку голема тежина во буџетот на Макао.

Коцкањето сепак останува доминантните дел од економијата на градот со посебен статус, кој забележа раст од 16.6% на годишна основа во последниот месец од минатата 2018-та година, до износот од 3.28 милијарди долари, покажуваат податоците на локалниот хазарден регулатор. Ова е највисок раст во последните 4 месеци.

За целата 2018-та година, приходите од коцкање скокнаа за 14 отсто на 37,5 милијарди долари.

„Масовниот пазар останува силен“, пишува Грант Говертсен, аналитичар од „Union Games“ за темата, додавајќи дека „VIP“ посетителите на Макао се вратиле во декември по неколку месеци пауза.

Новиот мост што ги поврзува Макао и Хонг Конг со другите делови на Јужна Кина беше отворен во октомври оваа година. Тој е дел од голем економски проект наречен „Greater Bay Area“.

Според зборовите на Говертсен, посетителите на Макао го зголемиле бројот по отворањето на новиот мост, а тоа се должи на групните посети, за разлика од порано, кога групни посетители претходно се потпирале на траекти.

Потрошувачката од посетителите, исто така, расте, рече аналитичарот.

Загриженоста дека американските хазардни оператори кои работат во Макао, благодарение на лиценцата може да страдаат како резултат на американската војна со САД досега не успеаја да дадат вистинска причина за загриженост.

Индустријата за коцкање и забава на Макао, со која владееше Португалија веќе 400 години – до 1999-та година, драстично се промени откако државниот монопол беше прекинат и приватните претпријатија беа дозволени од 2002-ра година.

Во последниве години, приходите од коцкање на Макао се приближно три пати повисоки отколку во Лас Вегас, што го прави најголемиот светски центар за игри на среќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП