2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Грција ќе се препороди во 2019 година

Ципрас: Грција ќе се препороди во 2019 година

Ова е прва нова година кога можеме да кажеме дека жртвата и битката на грчкиот народ се исплтија, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговата новогодишна порака до граѓаните, и истакна дека Грција по прв пат во последните осум години е ослободена од меѓународните финансиски обврски кои ја задушуваа.

Ципрас зборуваше за иднината на Грција во 2019 година како година на надеж и оптимизам, но и година за препородување на земјата.

“Новата 2019 година е прва година во која се дише слободно. По толку многу години ја добивме битката со вработувањето. Продолжуваме да се движиме уште побрзо и понатаму за дополнително да се намали невработеноста. Веќе ја добивме битката со отворањето на 350.000 нови работни места, но нашата цел е да се добие војната. Да го спречиме егзодусот на младите, способни и креативни луѓе во странство. Нашата татковина повторно да биде нивна татковина, а не маќеа на нашите деца “, рече Ципрас во своето новогодишно обраќање.

Тој истакна дека е завршен период на мерките за штедење и потсети на најавените позитивни владини мерки, како што се враќањето на колективните договори и зголемувањето на најниската плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП