19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови претставници на ЕБОР за Македонија и Унгарија

Нови претставници на ЕБОР за Македонија и Унгарија

ebor

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) назначи нови претставници на канцелариите во Будимпешта и Скопје. Елена Урумовска, поранешен претставник на резидентната канцеларија во Скопје, е назначена за претставник во Унгарија. Ана Иоана Ионеску ќе ја замени и ќе ја превземе должноста на претставник за Македонија.

Кариерата на Урумовска во ЕБОР започнува во 1999 година. Пред да и се придружи на банката има работено во Делојт и Туш и Комуна. Има завршено Економски факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”, Скопје.

Ионеску е во банката од јануари 2011, по кариерата во инвестициони и приватни компании за акционерски влогови во Романија и Шпанија. Има завршено факултет на Академијата за економски студии во Букурешт и магистратура од ХЕЦ Деловно училиште во Монтреал. Ионеску ќе ја превземе новата должност од 1 јули 2013.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП