Лондон, Париз, Берлин влегоа во Нова Година со голем огномет минатата ноќ, како и зголемени безбедносни мерки на улиците.
Британците влегоа во новата година со традиционалниот звук на Биг Бен, иако часовникот беше затворен повеќе од една година поради реконструкцијата на кулата, објави АП.
https://twitter.com/twitter/statuses/1079972989720907778
Парижаните и туристите се собраа во Авенијата на Елисејските полиња за да ја прослават Новогодишната ноќ, под силни безбедносни мерки.
Пред Брандербургшката порта десетици илјади луѓе се собраа за да го одбележат влезот во 2019 година, исто така со високи безбедносни мерки, со околу 1.300 полицајци распоредени низ германскиот главен град.
https://twitter.com/twitter/statuses/1079872345341231104
Во Москва сказалките откуцаа полноќ. Во тој момент, целиот град беше осветлен со илјадници бои, а граѓаните на рускиот главен град ја поздравија Новата година со огномет. Прославата продолжи со музичка програма во центарот на градот.
Дубаи ја доцека Новата година со спектакуларен огномет:
WATCH: Dubai rings in 2019 with a massive fireworks celebration #HappyNewYear2019 pic.twitter.com/nnL1H3bBoC
— Bloomberg Originals (@bbgoriginals) December 31, 2018