2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд утре снег, до 20 сантиметри на планините

Од утре снег, до 20 сантиметри на планините

Под влијание на студен и влажен бран утре попладне, во текот на ноќта, како и во четврток ќе има врнежи од снег, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјава.

Како што информира УХМР, насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 сантиметри,
на планините и над 20 сантиметри, а најмала во североисточните делови, околу пет сантиметри.

Поради засилениот северен ветер можна е и појава на снежни наноси.

Во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински
температури и со слаби локални врнежи од снег. Најсончево ќе биде во сабота. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП