4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗелено светло за Летонија

Зелено светло за Летонија

letonija1

Сите 17 земји членки на еврозоната дадоа целосна согласност за прием на Летонија во монетарната унија од 1 јануари 2014 година.

Официјалната одлука за прием би требало да биде донесена денес, бидејќи никој од Унијата нема приговор за приемот на Летонија, која ги исполни сите критериуми за влез, пренесува агенцијата Франс прес.

Во пракса, економските показатели на Летонија изгледаат многу подобро од повеќе земји од еврозоната. Европската комисија и Европската централна банка порачаа уште на 5 јуни прием за Летонија и констатираа дека земјата ги исполнила критериумите за воведување на единствената европска валута.

Инфлацијата во Летонија минатата година беше 1,3 проценти, што е пониско од пропишаните 2,7 проценти, дефицитот на буџетот 1,2 проценти од БДП, што е под границата од три проценти, државниот долг изнесува 40,7 проценти од БДП, што исто така е помалку од дозволените 60 проценти.

Курсот на националната валута, лета, во однос на еврото е стабилен, а долгорочните кредитни стапки се 3,8 проценти, во однос на дозволеното ниво од 5,5 проценти.

Европските институции, исто така, активно го поддржуваат влезот на Летонија, со оценка дека тој чекор, во актуелната кризна ситуација на еврото, е политички сигнал дека единствената европска валута и понатака е привлечна за новите држави.

Откако Летонија доби зелено светло за влез во еврозоната, некои се грижат за последиците од проширувањето, а други говорат дека најмногу ќе профитира богатото руско малцинство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП