26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСО НОВ ДРЕС ДО НОВИ ПОБЕДИ – РФМ го промовира новиот дрес...

СО НОВ ДРЕС ДО НОВИ ПОБЕДИ – РФМ го промовира новиот дрес пред настапот на мундијалот во Германија и Данска

Навивај со новиот дрес потпишан од твојот омилен репрезентативец.

Со новиот дрес кој официјално ќе биде промовиран од страна на најуспешната спортска фендерација во Македонија, во четврток (03.01.2019 г.) нека продолжи приказната која оваа репрезентација една деценија во континуитет ја раскажува во Европа и светот.

“Со нов дрес до нови победи ” е мотото со кое РФМ во четврток официјално ќе го промовира новиот дрес на ракометната репрезентација. Дрес со кој нашите најдобри ракометари ќе настапат на престојниот мундијал кој ќе се одржи во јануари во Данска и Германија. На настанот ќе се обратат преставници на Ракометната фендерација на Македонија, селекторот Раул Гонзслес и капитенот на нациналниот тим, Кирил Лазаров. Присутни ќе бидат и репрезентативците кои на дресовите што ќе се продаваат по промотивни цени ќе ги стават своите автограми.

Секој што ќе дојде и ќе купи од промотивните дресови, по цена од 1119 денари, со кои за прв пат ќе настапат нашите репрезентативци на престојниот Мундијал, ќе има можност истиот да му биде потпишан од нив. Ова е еден од ретките моментите за дружење со нашите најдобри ракометари .

Настанот ќе се случува во продавницата на „Д-спортска опрема“, кој е официјалниот партнер на македонската репрезентација, во склоп спортската арена “Филип Втори” со почеток во 14.00 часот.

Биди најгласниот осми играч!

Со новиот дрес до нови победи!

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП