27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИстекува рокот за пријавување во УЈП

Истекува рокот за пријавување во УЈП

Денеска истекува рокот за регистрација во електронскиот систем на УЈП на сите даночни обврзници. Регионалните канцеларии на Управата за јавни приходи (УЈП) ќе работат денеска до 16.30 часот, за сите оние граѓани кои досега не ја завршиле оваа задолжителна обврска.

Заклучно со петокот над 620 илјади даночни обврзници ја исполниле својата законска обврска и електронски се регистирале во електронскиот систем на УЈП. Новите правила на УЈП предвидуваатсите физички лица коишто во текот на годината оствариле приходи, ќе мора до крајот на годинава електронски да се регистрираат во УЈП на новиот систем Е-персонален данок.

Од оваа обврска се ослободени само пензионерите кои примаат само пензија. Сите ќе мора да имаат електронски адреси на кои, откако ќе се регистрираат, ќе добијат барање кое треба да го достават до шалтерите на Управата, која потоа ќе ги потврдува податоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП