20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА2018 ГОДИНА КАТАСТРОФАЛНА ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ! Кражба на податоци, лажни вести и...

2018 ГОДИНА КАТАСТРОФАЛНА ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ! Кражба на податоци, лажни вести и хакирање

Поради кражба на податоци, лажни информации и навредлив речник на социјалните мрежи, како и извештаи дека странските оперативци ги користеле нивните услуги, многу луѓе во САД сега се скептични кога станува збор за придобивките од социјалните медиуми, велат експертите.

Поради сето ова, претставниците на социјалните мрежи мораа да сведочат неколку пати пред Конгресот на САД.

“2018 беше тешка година за технолошките компании како и корисниците на нивните услуги”, изјави директорот на компанијата за складирање на податоци “LatticeWork Inc.” Пантас Сутарда. Поради тоа, директори на големи компании одеа на сведочења и дадоа силни ветувања на членовите на Конгресот дека ќе ги решат проблемите со хакирањето на нивните системи, кои се уште не се во можност да го направат тоа, додаде тој.

Најкритична беше мрежата на Фејсбук. Овој гигант е критикуван по откривањето дека политичко-консултантска компанија злоупотребувала податоци на милиони корисници. Затоа, директорот на Фејсбук, Марк Цукерберг, во пролетта тргна на “извинување турнеја”, како што Американците ироничо ги нарекуваа овие кампањи, со цел да ги убеди клиентите дека компанијата во иднина ќе ја подобри заштитата н нивните податоци.

Но, тоа не беше крај: се покажа дека корисничките податоци на Фејсбук беа компромитирани поради хакерство. Покрај тоа, оваа социјална мрежа објави лажни извештаи за насилство во Мјанмар и Шри Ланка.

Поради оваа причина, голем број корисници на Фејсбук ја напуштија оваа платформа и се префрлија на другите мрежи.

Некои членови на Конгресот на САД ветија дека ќе донесат федерален закон за заштита на податоци во 2019 година, а технолошките компании велат дека ја поддржуваат оваа иницијатива. Сепак, дали новите регулативи ќе ја зголемат довербата во дигиталните услуги – останува да се види, пишува Гласот на Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП