26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовиот аеродром во Истанбул ќе работи со полн капацитет на 3-ти март

Новиот аеродром во Истанбул ќе работи со полн капацитет на 3-ти март

Новиот аеродром во Истанбул ќе работи со полн капацитет на 3-ти март, откако проектот вреден 12 милијарди долари имаше одложувања двапати, пренесува „Ројтерс“.

Аеродромот, кој, според официјалните лица, ќе биде еден од најпрометните во светот, беше отворен во октомври од страна на претседателот Реџеп Ердоган, но оттогаш се направени само неколку летови.

Првично, аеродромот мораше да работи со полн капацитет во јануари, но неговото отоворање беше одложено. Проектот беше во центарот на „бумот“ во градежништвото, што доведе до силен економски раст за време на владеењето на Ердоган во овие 15 години.

Турските медиуми се повикуваат на писмото испратено од страна на аеродромските власти, дека дополнително одложување е потребно до почетокот на март.

Аеродромот ќе може да обслужи 90 милиони патници годишно и може да се прошири за да се сместат до 200 милиони патници, рече Ердоган на свеченото отворање.

Оттогаш, видеата објавени на социјалните мрежи покажаа дека обилен дожд го преплави патничкиот терминал, како и паркингот на новиот аеродром.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП