20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер загрижен за романското претседавање со ЕУ

Јункер загрижен за романското претседавање со ЕУ

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод-Јункер изрази загриженост во врска со претстојното романско претседавање со Европската Унија, иако Романија, како што наведе, технички е добро подготвена.

Романија треба на 1 јануари да го презеде ротирачкото претседателство на ЕУ, на период од шест месеци во време кога во земјата владее политичка поделба и спорни реформи во правосудството, пренесе новинската агенција „АП“.

„Мислам дека владата во Букурешт, уште не разбира сосема што значи преземањето на претседателството на земјите во ЕУ“, изјави Јункер за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.

„За преговори потребна ви е подготвеност да ги слушате другите и волја да ги отфрлите вашите желби. Имам извесни сомнежи“, нагласи Јункер.

Романија го презема претседавањето со Унијата од Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП