19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа десет месеци над 13.000 лица од Босна заминале на работа во...

За десет месеци над 13.000 лица од Босна заминале на работа во Словенија

Податоците на босанската агенција за вработување покажуваат дека во период од 10 месеци годинава, на 13.198 државјани на Босна и Херцеговина им биле издадени работни дозволи, пренесува порталот „бизнисинфо.ба“.

Се наведува дека минатата година заминале 9.923 лица, а до крајот на тековната година, бројот на државјани кои заминале на работа во Словенија би можел да достигне бројка од 20.000 лица.

Од Босна и Херцеговина најмногу заминуваат заварувачите, возачите, ѕидарите, браварите, како и други работници од градежниот сектор.

Според податоците, од 2013 година до август 2018, речиси 30.000 државјани на Босна и Херцеговина добиле работна дозола. Се претпоставува дека бројот е многу поголем бидејќи, според Агенцијата, пд Босна и Херцеговина во Словенија за работа се користат по други канали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП