16 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето сончево со мала до умерена облачност

Времето сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во североисточните делови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер, наутро со појава на слаба магла. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Висината на снежната покривика од 7 часот утрово е највисока на Попова Шапка каде изнесува 13 сантиметри, понатаму 12 во Крушево, 10 во Маврови Анови и 5 во Лазарополе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП