28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската економија забавува седми последователен месец

Кинеската економија забавува седми последователен месец

Кинеската економија забавува седми последователен месец во декември поради тековната трговска војна со САД, намалената домашна побарувачка и забавувањето на растот на цените на производителите.

Ова покажува мерачот на „Bloomberg“, „Bloomberg Economics“ кој ги резимира најраните индикатори за бизнис активноста и пазарните расположенија во земјата. Според податоците, државните стимулации и привремениот прекин на „огнот“ во конфликтот со Вашингтон, допрва треба да имаат влијание врз растот.

Економската активност во Кина продолжува да забавува поради несигурноста за иднината на светската трговија и неубедливата доверба кои се уште се главна пречка, посочува економистот на „Bloomberg Economics“, Дејвид Цјо.

Според него последните движења на стоковите пазари може исто дополнително да го влошат претставувањето на производствениот сектор, а експертите ќе внимаваат на мерките на Владата за стабилизирање на економијата, особено во почетокот на 2019-та година.

Првите официјални економски податоци за декември – на „PMI“ за индустриските и неиндустриские сектори ќе бидат објавени во понеделник.

Се очекува „PMI“ да остане стабилен на ниво од 50 поени – линија на поделба помеѓу растот и контракцијата. Пред ноември, последен пат мерката беше на ова ниво во средината на 2016-та година.

Кинеските индустриски компании се веќе под притисок, бидејќи нивното производство расте со најбавно темпо од пред една деценија во ноември. Во исто време, растот на производствените цени се намалува. Ако сегашните трговски разговори меѓу САД и Кина не успеат, тогаш високите царини на САД дополнително ќе ја влошат прогнозата за перформансите за овој сектор.

Во исто време, кинеските компании немаат други причини за радост надвор од трговското примирје.

„Барањата на стока за извоз ослабна, а локалната побарувачка останува бавна за малите и средни претпријатија во декември“, посочува Шенг Лан, економист на „Standard Chartered“.

Кинеските главни трговски податоци ги потврдуваат зборовите на Шен за слабеење на надворешната побарувачка. Просечната вредност на прелиминарните резултати за „PMI“ индексот на земји, меѓу кои се САД, ЕУ и Јапонија, слабеат веќе осми месец по ред во декември. Додека се уште се зборува за експанзија, вредноста е најниска во последниве две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП