19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоп 10 катастрофи кои предизвикаа штета од 85 милијарди долари во 2018-та

Топ 10 катастрофи кои предизвикаа штета од 85 милијарди долари во 2018-та

Десетте најтешки катастрофи во 2018-та година, поврзани со климата, предизвикале штета во висина од 84,8 милијарди долари, објави хуманитарната организација „Christian Aid“ во своето истражување, цитирано од „Ројтерс“.

Оваа година секој населен континент бил погоден од природни катастрофи предизвикани од климатските промени, рече организацијата и предупреди дека се потребни итни мерки за борба против глобалното затоплување.

„Овој извештај покажува дека во моментов климатските промени влијаат со уништувачки ефект врз животот и егзистенцијата на многу луѓе“, изјави Кат Крамер од британската организација.

Според извештајот најскапите катастрофи поврзани со климата, во 2018-та година биле ураганите Флоренс и Мајкл, кои предизвикале штета од барем 32 милијарди долари во САД, Карибите регион и Централна Америка.

САД исто така претрпе загуби од најмалку 9 милијарди долари од шумските пожари, кои предизвикаа смрт на десетици луѓе и уништиле илјадници домови во Калифорнија.

Во Јапонија поплавите во текот на летото и тајфунот Џебел нанеле штета од над 9,3 милијарди долари.

Според извештајот меѓу најскапите катастрофи поврзани со климата во 2018-та година биле исто така сушите во Европа, поплавите во Индија и тајфунот Мангхут на Филипините и Кина.

Авторите на студијата собраа податоци за обемот на штетата користејќи податоци од извори, вклучувајќи ги и владите, банките и осигурителните компании. Во некои случаи, сепак податоците се однесувале само за осигурените загуби, а исто така не се вклучени човековите загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП