
Синдикатот на Клиничкиот центар информира дека успешно завршиле преговорите за покачување на платите на вработените во кампусот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.


Синдикатот на Клиничкиот центар информира дека успешно завршиле преговорите за покачување на платите на вработените во кампусот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По средбата со премиерот, Зоран Заев, и министерот за здравство, Венко Филипче, тие велат дека е изнајдено заедничко прифатливо решение во врска со покачувањето на платите на вработените во кампусот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
„Крајниот резултат од преговорите за покачувањето на платите е следниот: доктори специјалисти и наставно-научен кадар – 10 отсто, доктори на општа медицина и доктори на државна специјализација вработени во Клиничкиот центар – 5 отсто, здравствени работници со средна, виша и висока стручна спрема (медицински сестри, акушерки, медицински лаборанти, радиолошки технолози и сл.) – 8 отсто и болничари – транспортери и останат помошно-технички персонал – 8 отсто. Овие покачувања на основната плата ќе се применуваат со јануарската плата од 2019 година.
За административниот персонал вработен во Клиничкиот центар е предвидено покачување на платите од 5 отсто, кое ќе се исплатува од септември 2019 година. Притоа е договорено административниот персонал како посебно обучен за потребите на јавното здравство да остане и понатаму во рамките на кампусот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира Синдикатот на Клиничкиот центар – Скопје.