2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ќе може да шпионира преку 5G-опремата на „Хуавеј“, сметаат британските власти

Кина ќе може да шпионира преку 5G-опремата на „Хуавеј“, сметаат британските власти

Британскиот министер за одбрана, Гавин Вилијамсон, изрази длабока загриженост во врска со улогата на кинеската телекомуникациска компанија „Хуавеј“ во развојот на 5G-мрежата во Велика Британија.

Вилијамсон стана првиот британски министер кој јавно настапи против кинескиот телекомуникациски гигант, пишува весникот „Тајмс“.

Весникот исто така пренесе дека Вилијамсон верува оти употребата на 5G-опремата на „Хуавеј“ ќе овозможи кинеска шпионажа.

„Длабоко сум загрижен поради тоа што ‘Хуавеј’ обезбедува 5G-мрежа во Велика Британија. Ова е нешто што треба внимателно да го разгледаме“, рече Вилијамсон додавајќи дека властите во земјата треба да го следат примерот на државите партнери како Австралија и САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП