27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнѓушев најави сериозен градежен процес на инфраструктура во 2019-та

Анѓушев најави сериозен градежен процес на инфраструктура во 2019-та

Eкономскиот тим министри во Владата одржа неформална предновогодишна сердба со претседателите на стопанските комори и претставници на бизнис секторот, во организација на канцеларијата на премиерот.

Како што информираат од владината прес-служба, во рамките на оваа средба вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, пред присутните ги споделил очекувањата и плановите на економските ресори за 2019 година и постигнатите резултати на економски план за годината што изминува.

Во своето обраќање Анѓушев ставил акцент на плановите за четирите клучни области, индустријата, трговијата, градежништвото и земјоделството кои, како што рекол, имаат сериозно учество во севкупниот раст на бруто домашниот производ.

„Покрај автопатот Кичево – Охрид кој ќе продолжи да се гради, се градат експресните патишта, Штип – Радовиш, се гради Штип – Кочани, се гради излезот кај Куманово кон Крива Паланка, се гради излезот од Градско кон Прилеп, ќе се гради Скопје – Блаце. Ова се проекти од една груба бројка, од над една и пол милијарда евра заедно со железницата од втората фаза, којашто сега се тендерираше и сега е во фаза на евалуација, далекуводот од Република Македонија кон Албанија во вредност од 50 милиони евра кој е проектиран, а ќе се распише во јануари. Преку Законот за енергетика ќе се отвори простор за инсталација на 200 мегавати фотоволтаици кои ќе бидат распишани во две фази, првата ќе биде во првиот квартал во 2019“, соопштил Анѓушев.

Вицепремиерот посочил дека со овие активности кои што се во тек, во 2019 започнува еден сериозен градежен процес на патна, железничка и енергетска инфраструктура кој на месечно ниво се очекува да има реализација од околу 50 до 60 милиони евра што, според Анѓушев, ќе го подигне градежништвото на ниво на кое заедно со приватните градби ќе генерира раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП