26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈСП со изменет возен ред за време на празниците

ЈСП со изменет возен ред за време на празниците

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет возен ред од вообичаениот.

Како што соопшти Јавното сообраќајно претпријатие, на 31 декември автобусите ќе сообраќаат по вообичаениот делничен возен ред, а во следните два дена на 1 и 2 јануари тие ќе возат по неделниот распоред. Ноќните линии на 31 декември (понеделник спроти вторник) и 1 јануари (вторник спроти среда), ќе работат по возен ред како во сабота кон недела.

Од ЈСП велат дека имајќи предвид оти во меѓувреме ќе почне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред од 3 јануари ќе биде редуциран.

На 7 јануари, в понеделник, автобусите од јавниот превоз повторно ќе возат по неделен возен ред.

Жичницата на Водно нема да работи на 31 декември (понеделник), со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот се врши редовен сервис на објектот.

На 1 јануари (вторник), жичницата ќе почне со работа од 11 часот.

„Поради техничкиот проблем на веб-страницата на ЈСП Скопје, во делот за избор на датум на возниот ред, сакаме да напоменеме дека информации за возниот ред можат да се добијат и во Диспечерски центар на 3173-224“, порачува ЈСП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП