сабота, 28 јануари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора заработи рекордни милијарда евра од туризмот

Црна Гора заработи рекордни милијарда евра од туризмот

Министерот за туризам на Црна Гора, Павле Радуловиќ, информира дека оваа година земјата заработила рекорден приход од туризмот од 1.003.315.000 евра. Тој додал дека и по бројот на туристи и ноќевања оваа година била рекордна за земјата.

Во црногорските хотели првпат оваа година ноќевале милион туристи. Само во првите 10 месеци биле остварени 4 милиони ноќевања. Тоа е околу 175 000 ноќевања повеќе отколку во цела 2017 година и повеќе од половина милион ноќевања отколку во 2016 година.

Се очекува до крајот на годинава бројот на ноќевања да биде поголем за повеќе од 700 000 за разлика од 2016 година, што претставува раст од 20 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП