20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБоемски вински салон во Битола

Боемски вински салон во Битола

Првото издание на „Боемскиот вински салон“ во Битола ќе се одржи на 27 декември 2018 година, во холот на Народен театар Битола, со почеток од 15 часот.

,,Завршувајќи ја успешно 2018 година за нашата организација, сакаме на Битола и Пелагонискиот Регион да им понудиме еден нов настан, на кој ќе се запознаеме подобро со малите производители на вино, да ги слушнеме нивните вински приказни и на кој ќе може да се дегустираат вина направени со страст. На овој начин сакаме да ја градиме винската култура во нашиот регион, да едуцираме за поднебјето, за зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, техниките на производство на вино и животната средина”, велат организаторите.

Организатор на салонот е конвивиумот „Слоу фуд Битола“, со поддршка на Општина Новаци, ЈП „Водовод“, Битола, „Горска вода“, „Бабук“, ЈП „Пазари“, Битола и Народен театар Битола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП