18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ќе ископува злато во Венецуела

Русија ќе ископува злато во Венецуела

Властите на Венецуела понудија руски компании да учествуваат во истражувањето на златото и негова експлоатација во таа земја.

Ова го изјави рускиот амбасадор во Венецуела Владимир Заемски.

“Што се однесува на учеството на Русија во секторот за рударење на злато или други рударски проекти, Венецуела направи широк спектар на интересни предлози”, рече амбасадорот.

Заемски додаде дека Каракас е длабоко заинтересиран за соработка со Русија во истражување цврсти ресурси кои можат да бидат извадени, вклучувајќи злато и дијаманти.

Освен потврдените нафтени полиња, кои се сметаат за најбогати во светот, Венецуела е богата со природни ресурси како дијаманти, злато, железна руда, алуминиум, боксит, природен гас. Според извештајот на Светскиот совет за злато, објавен во јуни, Венецуела има 150 тони резерви на злато.

Сепак, сегашната економска криза и санкциите од САД ја принудија Венецуела да се потпре на помош од други земји. Претходно оваа година, Вашингтон забрани на американските компании и поединци да работат со лица и луѓе кои се вклучени во продажба на злато од Венецуела.

Во декември, Каракас и Москва потпишаа договор за инвестиција од 5 милијарди долари за зголемување на производството на нафта во Венецуела за еден  милион барели дневно.

Според Заемски, државите разговараат за можноста за соработка меѓу рускиот глобален навигациски сателитски систем (ГЛОНАСС), кој го раководат руските сили за одбрана и воздухопловство и во моментов е втор алтернативен навигациски систем кој е во употреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП