ПочетнаЕКОНОМИЈАУмерено облачно време со температура до 10 степени

Умерено облачно време со температура до 10 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени, соопши УХМР.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури и со слаб до умерен северозападен ветер. Утре ќе се зголемат условите за појава на магла по котлините. Во недела кон крајот на денот и во понеделник се очекува зголемена облачност со локални вренежи претежно од снег.

Најмногу снег има на Маврово, со снежна покривка од 1 сантиметри, па во Попова Шапка и Крушво (13 сантимтри). Најстуденот урово е во Лазараполекаде се измерени -10 степени, потоа -8 во Маврво, -7 Скопје-Петровец, Крушево, -6 Тетово, Претор, Битола, Прилеп, -5 Кр.Паланка, Охрид, -4 Скопје-З.Рид, Берово, -2 Струмица, Д.Капија, Виница, Куманово, 0 Штип, 4 Гевгелија, Дојран.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП