4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАзербејџанскиот SOCAR ја купува грчката компанија за гас?

Азербејџанскиот SOCAR ја купува грчката компанија за гас?

desfa1

Грција наскоро ќе договори продажба на операторот на гасоводот „DESFA“ на азербејџанската државна компанија „SOKAR“, изјави анонимен грчки функционер, a Атина очекува ова да ги зголеми шансите проектот на Трансјадранскиот гасовод (TAP) да биде одбран за достава на гас на Европа.

„SOKAR“ ја зголеми вредноста на понудата на 400 милиони евра, што грчката агенција за приватизација „HRADF“ го смета за задоволителен износ, изјави во вторникот неименуван грчки функционер упатен во преговорите.

„Агенцијата за приватизација е многу задоволна, тоа во основа е готова работа”, рече функционерот за Ројтерс, под услов да остане анонимен. „HRADF“ би можел да ја одобри продажбата уште во четврток, на состанок на управниот одбор.

Грција го продава 35 процентниот удел во сопственост на „Hellenic Petroleu“m и преостанатите 31 процент сопственост на грчката држава. Тоа значи дека задолжената земја со приватизацијата ќе оствари вкупен приход од околу 188 милиони евра.

Азербејџанската државна енергетска компанија беше единствен кандидат за купување на „DESFA“, откако во првата половина на месецот од трката се откажаа руската енергетска компанија „Sintez“ и грчко-чешката групација „PPF-Terna“.

Грчките официјални лица веќе кажаа дека сакаат да ја договорат таа трансакција, која е составен дел од планот за приватизација кој е направен заедно со Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија.

Атина очекува дека продажбата на „DESFA“ ќе ги зголеми шансите конзорциумот „Shah Deniz“ на чело со „British Petroleum“ го одбере проектот (TAP) за испорака на гас од азербејџанскиот дел на Каспиското море во Европа.

За тој бизнис во моментот конкурираат „TAP“, Кој е поддржан и од Хрватска а кој гасот би требало да го доставува преку Турција, Грција и Албанија до Италија и Набуко, кој од Турција би требало да оди кон Бугарија, Унгарија и Австрија.

Одлуката на конзорциумот „Shah Deniz“ се очекува во следните недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП